– Нине, брате мој, душо моја мила … Ти сега си ангел. Сестра ти те сака најмногу… Со оваа шокантна реченица, Дијана С. се прости на Фејсбук од својот брат, младиот фудбалер Никола С. (26) од селото Доње Краинце кај Лесковац, кој загина по еден кобен скок во Охридското Езеро.
Никола помина 12 дена во кома, а вчера, за жал, засекогаш не’ напушти.
Семејството и пријателите останаа во шок. Еден млад живот беше прекинат толку нагло и ненадејно… а уште колку многу требаше да се направи и оствари.
– Жално … Голема тага, не можам да поверувам, нека те чуваат ангелите Никола, гласи еден од прошталните коментари под статусот на Дијана, кои вчера само се нижеа.
Луѓето со неверување се збогуваа со младиот Никола.
Никола беше фудбалер. Пред почетокот на сезоната, тој одмораше со пријателите на Охридското Езеро. Во еден момент, скокнал од карпа во езерото, удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен. Тој бил префрлен во Скопје, каде што бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил.
Зад себе ги остави својата мајка и сестра, оние што ги сакаше најмногу на светот. За него тагува и целата фудбалска заедница во областа Јабланица.
Никола, секогаш насмеано момче, играше фудбал од мали нозе. Ги помина сите млади селекции во ФК Дубочица. Главно играше центарфор и менуваше клубови, сонувајќи дека еден ден ќе игра во поголем, но не успеа. Играше и за ФК Кумарево од Злождово, Полет од Стајковац, и во Слога, а по завршувањето на сезоната, премина во ОФК Морава Лесковац.
– Во меѓувреме, тој се вработи затоа што не беше можно да се живее од фудбалот, но немаше намера да се збогува со топката, затоа што тоа беше негова голема љубов – вели неговиот пријател.
Тој вели дека неговата мајка се мачела да ги изведе своите деца на прав пат и дека младиот Никола си заминал во моментот кога се подобрил статусот на тричленото семејство, бидејќи сите работеле и имале постојан приход.