„Не можам повеќе да плачам, јас повеќе не плачам“, одговорил Зеленски на прашањето дали уште плаче кога ќе се случи ваков трагичен настан.
„Тоа е нашиот воен живот. Денес беше толку трагично утро. Не можете никогаш да се навикнете на жртвите“, кажал Зеленски.
Дали ја мрази Русија?
Да, чувствувам омраза кон Русија, кон руските војници. Кога ќе ги видам овие слики пред очите. Убиени деца без нозе, без раце. Тоа е гнев, тоа е страшно.
Како татко, природно е во таквите моменти да мислам на своите деца. Моменти како матури или венчавки, тогаш мислите на родителите на мртвите деца. Тогаш сфаќате дека никогаш нема да ги доживеат тие моменти со своите деца. Нормално дека сум гневен во такви моменти.
Се плаши ли дека може да бидат откриени уште злосторства низ Украина?
Што се случува во селата на југот, како Херсон, Запорожје и на истокот – не знаеме. Многу градови се едноставно целосно уништени. Нема куќи, нема луѓе – не знам што ќе најдеме таму.
Најлошото што Зеленски го слушнал во последните неколку дена?
Зеленски кажал за Билд дека шеф на владата на земја од ЕУ му побарал да му докаже дека злосторствата во Буча не се исценирани. Не сакал да открие за кого станува збор, но повеќе пати му кажал дека сака докази.
Ја смета ли Германија за виновна за одложувањето на санкциите?
Да, неколку земји. Германија е една од нив, тие се против ембарго на нафта и гас. Драго ми е што 5 пакет санкции на ЕУ вклучува ембарго на јаглен и дрво.
Германија не нè поддржа со оружје. Германија отворено кажа дека нема да бидеме членка на НАТО. Но, да бидам искрен, германската реторика се смени. Германија е конзервативна и студена, но сега сите се активирани.
Може ли Зеленски да седне на маса со Путин?
Денес Украина нема избор освен да седне на преговарачка маса. А во Русија ниедна друга сила нема моќ да ја сопре оваа војна. Само тој одлучува кога оваа војна ќе заврши.