Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина 2020 година на 6 декември, но сеќавањата на него се’ уште се живи и уште долго ќе живеат.
Андријана Томаниќ, жена која живееше со него со години, вели дека тој често знаел да искористи прилика и да оди во кафеана со пријателите и кришум да пие.
„Јадеше нездрава храна, немаше како да влијаеме врз него да започне диета. Живееше во кафеана цел живот. Здравјето страда поради таквиот начин на живот и исхранаТој не се откажуваше од ал*о*олот на ниту еден начин, сакаше да пие, а по секое испитување, ги прашуваше лекарите дали може да пие и по колку?“
„Понекогаш ми велеше дека оди на кафе, а по неколку часа ќе поминам низ Дорќол и го гледам пред кафулето како наместо кафе пие ал*охол со луѓе од населбата“ – се присетува Андријана, која вели дека немала ниту начин, ниту срце да му забрани да пие“
„Знаев дека ме лаже дека не пие алкохол, но не можев да му забранам, немав срце. Многу ми е тешко да се помирам со фактот дека тој замина, сè потешко ми е тоа сознание“ – раскажува Андријана.