Беше една од најзгодните и најпопуларни пејачки во минатото, а потоа одлучи да се повлече целосно од јавноста и да заборави на музиката.

Речиси нема човек што не ја памети македонската пејачка Верица Пандиловска и нејзините хитови кои се слушаат до ден денес.

Денес иако повеќе не е активна на музички план се занимава со многу интересна работа.

Таа работи како едукатор за промоција на основна дигитална писменост и основни образовни алатки за онлајн настава.

Верица е среќно мажена веќе со години, а во една прилика има изјавено и дека со сопругот заедно се од 1999-та година.

-Ние сме заедно од 1999 година. И денес по толку време јас се уште го гледам со истите очи. Секојдневно ме изненадува со нешто ново и на тој начин ја одржуваме љубовта, рече во една прилика пејачката.