Поминаа 20 години откако актерот Дејвид Хаселхоф стана омилен кај женската публика поради неговата улога во мегапопуларната серија „Чувари на плажата“. Привлекуваше внимание кај сите жени со своето совршено тело и речиси да немаше некоја што ќе му одолее.
Благодарение на него, оваа серија доживеа планетарен успех, а по емитувањето на последната сезона, тој некое време живееше од старата слава, а потоа падна во заборав.
Иако можеше да ја освои скоро секоја жена, само Хејли Робертс, девојка помлада од него цели 30 години, успеа да го освои неговото срце. Славниот актер денес го слави својот 69-ти роденден, токму во нејзините прегратки.
Иако е на чекор до 70, актерот изгледа феноменално. Како што и самиот еднаш призна, тој не го прескокнува тренингот, и строго се придржува кон диетата што му ја препишал нутриционист.