РОМАНИЈА – Маж (52) кој е осомничен дека ја држел мајката на неговата сопруга на шините додека не ја прегазил воз, ќе остане во притвор во Романија до 30 дена, одлучи судот.

Грозоморното злосторство се случило ноќта меѓу саботата и неделата, околу еден час по полноќ, а на убиството наводно му претходела расправија меѓу убиецот и жртвата. Некои локални медиуми пишуваат дека осомничениот бил во врска со тештата!

Кобната вечер двајцата, како што се верува, се скарале, по што ја однел до железничкиот мост. Таму ја натерал да легне на шините и цврсто ја држел додека не дошол возот.

Иако жртвата се обидела да се ослободи, тоа било невозможно. Со ужас во очите, таа гледала како товарниот воз кој се движел во правец на Алешд-Ораде и се приближува

Машиновозачот залудно свирел и се обидел да го запре возот, немало шанси. Осомничениот во последен момент скокнал на страна, а локомотивата удрила во жената и го влечела нејзиното тело околу 60 метри пред да застане. Немало спас за несреќната жена.

Клучниот сведок во овој случај бил машиновозачот, кој на истражителите им кажал како жената била принудена да остане на шините, додека нејзиниот напаѓач скокнал настрана во последен момент.