Најзгодната водителка на ТВ Пинк долго време важи и за најсекси и тоа не само на оваа телевизија, туку и на сите останати последниве години.
Ана Радуловиќ е многу активна и на социјалните мрежи, а сега по којзнае кој пат сподели нови фотографии со кои повторно ги воодушеви своите следбеници. Таа го покажа својот стајлинг од емисијата со кој ги шармираше и мажите и жените. Црниот мини фустан со бел цвет е хит оваа сезона, а водителката очигледно ги следи трендовите. Таа позираше пред огледалото, каде се увери дека моделот и стои совршено, па го облече и за време на снимањето.
Бидејќи има извајани пропорции, на Ана не и било тешко да носи таков модел кој ја следи линијата на телото. Овој пат во преден план сепак не е бујното деколте, туку нејзините долги и тенки нозе.
Арно ама, фустанчето многу кусо, па многумина сакаа да видат што се крие под него. Ана се обиде да не го дозволи тоа, па ги стави рацете на тој дел од телото – во предлот на меѓуножјето.
Но, Ана Радуловиќ колку и да проба да го сокрие под мини фустанчето она што не е за јавно покажување… сепак нешто ѕирна. Црно па не се гледа, ама доволно се наѕира!
Колку на луѓето им се допадна ова нејзино издание покажува и бројот на лајкови кои можеа да се видат под овие фотографии.