НЕ Е ШЕГА. Мајката на едно вонбрачно дете тврдела дека негов биолошки татко е нејзин близок колега и добар пријател, сеедно што човекот бил внимателен сопруг и со години бил во примерен брак.

Бидејќи колешката упорно тврдела дека детето е негово и дека ќе мора да го признае таткоството, човекот одлучил да направи ДНК тест.

Тестот недвосмислено покажал дека во биолошка, односно во медицинска смисла овој човек (во ниту еден случај!) не може да биде татко, сеедно што во својот среќен брак веќе имал две деца. Докажал, кутриот, дека не е татко на вонбрачното дете, меѓутоа дознал дека неговите дотогашни деца не се негови деца.

Непопусто се тврди да не се чепка таму каде што неме потреба да се чепка, туку доволно е тврдењата да се игнорираат.

Само што никако да се извлечат потребните заклучоци.