Турската драмска серија „Женкар“ (Yali Çapkini) која се емитува на Канал 5 телевизија е вистински хит. Покрај интригантниот заплет кој се врти околу моќното семејство од Истанбул, актерите привлекоа и големо внимание. Главниот лик Ферит го отелотвори младиот Мерт Рамазан Демир, кој ги привлекува воздишките на жените ширум светот.

Во серијата тој е развратен богаташ, но во реалноста тој е 25-годишник кој благодарение на серијата стана еден од најпосакуваните Турци. Мерт Рамазан Демир во приватно време е спортски тип, сака бокс, фудбал и кошарка, а поради улогата на Ферит, признава, почнал да се менува.

„Ова е толку чудно. После 6 дена играње на оваа улога и многу часови… сите ме прашуваат дали Ферит и Мерт се истата личност. Но, напротив, пред да започне овој проект, јас бев сосема друг човек. Но, кога почнав да ја играм улогата на Ферит, полека станав тој во текот на процесот. Во секојдневниот живот се однесувам како Ферит. Се менувам во зависност од расположението на Ферит. Некогаш ако е сцена со размазен Ферит тој ден, станувам разгалено дете! Ако сака да се налути или да вика на некого, остатокот од денот ќе го поминам лут“, вели Мерт.

Неговото расположение сега зависи од заводникот Ферит, син на богато семејство кој се труди да изгради живот по негов вкус. Иако не е лик со завиден карактер, Ферит ги освои срцата на жените ширум светот.

„Секоја недела со ново сценарио запознавам различни делови на Ферит. Секоја недела велам: „Леле, дали навистина е таков?“ Откако запознав нова негова страна. Генерално, Ферит е разгален, самобендисан, дури и премногу самобендисан до нарцизам. Не почитува ничие мислење освен своето, ништо не цени. Најмногу го цени својот дедо, во кој го гледа најголемиот авторитет. Освен него, тој е подготвен да се откаже од секого. Откако ќе го добие она што го сака, тој продолжува со својот живот“, вели Мерт.

Се разбира, заплетот е зачинет со љубовни интриги. Сопругата на Ферит во серијата е Сејран, која на крајот се омажи за него против нејзина волја. Нејзината сестра Суна требаше да се омажи за Феритаж, но животот имаше други планови за Сејран.

„Таа го уништува неговото его. Единствената причина е што е не е негова. Можеби откако ќе ја освои, Сејран ќе му стане безвредна. Причината зошто таа му е толку драгоцена е што постојано е во конфликт со него“, изјави Мерт.

Овој пар, покрај серијата, се поврзува и кога се исклучуваат камерите. Се шпекулира дека Мерт Рамазан Демир и актерката Афра Сарачолу се во врска, а шпекулациите ги подгреа фактот дека Афра веднаш по почетокот на снимањето на серијата раскинала со долгогодишниот дечко. Не е чудно што тие се предмет на бројни шпекулации бидејќи серијата е вистински хит во Турција и пошироко.

„Искрено, на почетокот не го очекував ова. Секако знаев дека ќе биде добар проект, но не очекував дека ќе биде толку добар и толку популарен низ целиот свет. Кога влегов во проектот, со текот на времето сфатив дека тимот со кој работам е многу добар. Да, совршено се вклопува. Го видов како минуваше времето. Подоцна си реков: „Во ред, овој проект е огромен!“, рече Мерт.