На натпреварот помеѓу Мачва од Шабац и Младост ГАТ од Нови Сад се случи настан кој остави настрана се што имавме можност да видиме на фудбалскиот терен.

Новoсаѓани успеаја да остварат триумф и сосема заслужено со минимален резултат (0:1) да се пласираат во следната рунда од Купот на Србија, но натпреварот остана во сенка на настан кој можеше да биде кобен.

Ова е моментот кој се случи во 73. минута од натпреварот, кога на теренот падна Елајџа Пис, нигериски тинејџер кој настапува за Мачва, по што веднаш му беше укажана помош. По само две-три минути се струполи на тревникот.

Тој бил префрлен во болницата во Шабац, каде на терен било констатирано дека доживеал инфаркт, по што бил префрлен во болницата во Ваљево, каде што ќе биде подетален преглед и испратен на натамошна хоспитализација.