Косовската полиција соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во тепачката се приведени во полициската станица во Липјан. На аеродромот во Приштина „Адем Јашари“ вчера се случила тепачка во која учествувале повеќе лица.

На Фејсбук страницата на РТВ Дукаџини се појави видео на кое се гледа како неколку луѓе си разменуваат удари пред зградата на аеродромот. Како што пренесува indeksonline.net, причина за тепачката е тоа што некој погледнал во нечија сопруга при пријавување.

„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирање“, позната е причината за претепувањето на две групи на аеродром. Две лица се повредени на кои им била укажана лекарска помош, изјави портпаролката на полицијата Флора Ахмети.

Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во ова претепување се приведени во полициската станица во Липјан.