Безживотно тело на жена е пронајдено во релата Миљацка, а според потврдени информации, станува збор за Аријана Љуца, која претходно била пријавена за исчезната.
Телото на жената е пронајдено во коритото на реката Миљацка под тунелот Чељиговиќи на главниот пат Пале – Сараево. Екипи од Планинската спасувачка служба на Источни Стари Град и од Сараевскиот кантон беа на терен во текот на ноќта, организирајќи ја операцијата за извлекување на телото.
Како што дознава Klix.ba, припадниците на GSS KS претходно го пребарувале ова подрачје, но безживотното тело го немало, што значи дека водата го донела.
Дежурниот обвинител бил на местото на настанот каде што било пронајдено телото, а полицијата го обезбедувала местото на настанот до завршување на истрагата.
Се наведува дека ова е телото на Аријана Љуца, судијка во Кантоналниот суд во Сараево, која исчезна пред околу десет дена, на 4 мај.
Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна, а обвинителството треба да ги утврди околностите на нејзината смрт.