Пожарот е ставен под контрола, но поради ветерот ситуацијата е се уште алармантна, изјави за НоваТВ кочанскиот градоначалник Николчо Илијев.
-Пожарот избувнал во селото Бели, но ветерот го проширил кон градот и сега е ставен под контрола. Засега знам дека се оштетени две кровни конструкции, но проценка за штетата ќе се прави утре. Помош пристигнува од сите страни, вели Илијев.
Тој додава дека останува голем проблем е што во Осоговието на околу 1000 метри надморска висина има и друг активен пожар, иако, како што вели, во моментот сите служби се ангажирани за да го спречат продорот на пожарот во градот.