Според неофицијални информации, Селма Балуковиќ (48) од Липница кај Тузла била убиена од нејзиниот сопруг Ерно Сабо-Чаки (59) со стрела од самострел. Според локалните медиуми, обдукцијата покажала дека Балуковиќ имала повреди на вратот и убодна рана во пределот на градниот кош.

Телото било пронајдено во куќа во населбата Липница во Тузла на 21 февруари околу пладне. Полицијата во куќата го пронашла унгарскиот државјанин Ерно Сабо-Чаки, кој поради убодни рани во пределот на стомакот итно бил хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Полицијата претходно била известена од еден нивни пријател дека Ерно се јавил на неговиот видеоповик и забележал дека е облеан во крв и лежи на креветот.

– Извештајот од обдукцијата покажа дека прострелната рана во пределот на градниот кош на починатата била предизвикана од стрела. Засега не знаеме дали во неа е пукано со самострел или раната и е нанесена со рака – изјави за Вијести.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла.

Од Обвинителството наведуваат дека се укажува дека сторител на убиството е сопругот на убиената Селма и додаваат дека сите околности ќе се утврдат кога ќе завршат сите вештачења.

-Со сопругот на убиената поради неговата здравствена состојба се уште не е направен првиот информативен разговор. Кога ќе биде зависи од докторот. Останатите истражни дејствија се во тек – додаде Арнаутовиќ.

Селма и нејзиниот сопруг биле членови на стрелачкиот клуб и тоа го објаснува фактот дека во куќата имале самострел. Ерно Сабо-Чаки има инвалидитет и се движел со помош на инвалидска количка. Селма исто така користела инвалидска количка.

Погребот на убиената е извршен во понеделникот во населбата Плане кај Тузла. Селма зад себе ги остави синот и ќерката, внук, мајката и братот.