57-годишна жена е прегазена на улица во Кичево.

На 03.09.2023 околу 21.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„11 Септември“ во Кичево, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од Кичево, удрило во пешакот М.С.(57) од Кичево. По несреќата, М.С. била пренесена во Општата болница Кичево каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.