Полскиот фудбалер Роберт Левандовски на овогодинешното доделување на Златната топка пристигна во придружба на својата убава сопруга Ана Левандовска, која блесна позирајќи со него на црвениот тепих и го привлече вниманието со своето секси издание.

Роберт и Ана позираа расположени пред фотографите, а таа со својот изглед целосно го засени прославениот сопруг и остави сè околу себе без зборови.

Ана за гламурозната прилика избра црн тесен фустан, кој ја истакна нејзината витка линија и топ форма, а токму неговата сопруга е најголемата поддршка на Роберт. Бидејќи работи како фитнес тренер и консултант за исхрана, таа е делумно заслужна за неговата успешна кариера.

Дипломирала на Кинезиолошкиот факултет, а ја претставувала својата земја на Светското првенство во карате. Покрај тоа, нејзиното знаење му помогна на Роберт да ја подигне својата форма кариера и на неколку нивоа повисоко.

– Најважни работи се тренинзите и квалитетната исхрана. Се воздржуваме од лактоза и производи од пченично брашно, сакаме да јадеме квалитетна риба, а понекогаш после тренинг пиеме сок од цвекло со цимет или кајен пипер, вели Ана во интервју за „Билд“.

Во 2016 година, таа лансираше и свој бренд „Food by Ann“, а нејзината компанија продава смути, енергетски пијалоци и додатоци во исхраната.

Ана и Роберт се венчаа во 2013 година во Полска по петгодишна врска, во 2017 година станаа родители на девојчето Клара, а во 2020 година девојчето Лаура.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷