Пејачката Ана Бекута, која е и член на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвeздите на Гранд“, реши да се повлече од јавноста по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, за што го информираше Саша Поповиќ, но и целата јавност. Саша Поповиќ сака да и најде адекватна замена, па наводно размислува да ја ангажира Мира Шкориќ, јавуваат српските медиуми.

– Решив да се повлечам од јавноста. Ги откажувам сите настапи кои беа закажани во текот на декември. Ги откажувам сите интервјуа, емисии и програми во кои требаше да учествувам и им се извинувам на нивните организатори. За новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука јавноста подоцна ќе биде информирана, вели Бекута во своето отворено писмо.

Поповиќ веднаш почна да бара замена, но се уште не е сигурен кога ќе ангажира. Неговата идеја е наводно да ја замени Бекута со Мира Шкориќ, која е на прво место на списокот на Саша, пишува Информер.

📷