Познатата пејачка Наташа Ѓорѓевиќ имаше тежок приватен живот, па поради тоа познатата пејачка се повлече од сцената. Таа тврдеше дека нејзиниот незаконски сопруг се обидел да ја убие така што со автомобил ја туркал низ автопатот.

„Ја возев мајка ми на доктор, на враќање забелжав дека Горан ме следи. Почнав да возам низ споредни улици и кога бев безбедна возев кон дома.Не се ни сомневав дека дека ќе дојде пред станот каде што живеев и дека ќе ме нападне. Кога пристигнав пред станот, мајка ми излезе од автомобилот, а јас барав паркинг. Тогаш Горан излезе и почна да удира по прозорецот. Брзо дадов гас и почнав да возам, а тој влезе во неговиот авотмобил и почна да ме следи“, изјави Наташа пред неколку години и додава:

„Почна со неговиот автомобил да удира во мојот за да излетам од патот. Во еден момент мислев дека ќе починам и дека нема да се спасам. Меѓутоа, тој престана да ме следи кога се приближив на една полициска станица“, изјави пејачката во 2010 година.

Еве како денес изгледа Наташа.

📷

📷

📷

📷