Јована Марјановиќ (54), која исчезна на Златибор во средата (22-ри декември), денеска беше пронајдена мртва, јавуваат српските медиуми.
Како што дознава Нова.рс, на телото нема траги на насилство, а истото е пронајдено во населбата Тиќ поле. Како што неофицијално дознава Нова на лице место, на телото кое било во шума наишол случаен минувач,.
Местото каде е пронајдено телото на Јована Марјановиќ е оддалечено околу 2 километри од центарот на Златибор и станот од кој таа излегла на 22 декември околу 20 часот.
Јована тој ден околу 20 часот се прошетала и оттогаш и се губи секаква трага.
Телефонот на Јована беше недостапен од 20 часот на 22 декември, но беше пронајден во водоводните цевки на градилиштето спроти бензинската пумпа на НИС на влезот во Златибор, кое е прилично далеку од местото каде што ја пронашле Јована.
Според неофицијални информации, покрај телото имало кутија со лекови и шише алкохол. Засега се’ упатува на самоубиство, а телото ќе биде испратено во Институтот за судска медицина.
Потрагата по Јована траеше пет дена.