Првичните информации на Министерството за внатрешни работи велат дека досега две лица се јавиле со полесни повреди по сообраќајната несреќа која вечерва се случи во Влае.

Од МВР за Курир информираат дека едно возило удрило во паркирани автомобили и канделабра.

Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи се на терен, каде во тек е увидот.