Ако некој не примил трета доза во рок од седум месеци, независно од возраста, ќе се смета за невакциниран, порачуваат грчките власти.
Кај јужниот сосед омикрон е широко распостранет.
„Сертификатот за вакцинација ќе истекува по седум месеци и без примена трета доза во овој временски период, лицето, без разлика на возраста, ќе се смета за невакцинирано“, изјави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Мерката веќе важи за граѓаните во Грција со наполнети 60 години.
Грција завчера имаше над 50.000 заразени со коронавирусот.