Поранешниот одбојкар на Црвена Звезда и Партизан, Филип Самарџиќ ненадејно почина на 34-годишна возраст како последица на воспаление на белите дробови.
Веста за неговата смрт ја потврдија и двајцата „вечни“ ривали, потсетувајќи дека играл за младите црвено-бели категории, дека со Звезда го освоил Суперкупот и играл во финалето на плејофот во српското првенство, кога црвено-белите го освоија второто место во 2017 година.
„Филип е човекот кој најубавите години од животот ги помина во Партизан“, порачаа црно-белите во прошталната порака, потсетувајќи дека покрај успешна спортска кариера, бил и успешен академски граѓанин со диплома по електротехника и Машинско инженерство.
Местото и времето на погребот дополнително ќе бидат објавени.