Министерството за здравство на Филипините соопшти дека дневните инфекции со корона вирусот во државата денеска достигнаа највисоко ниво со 17.220 случаи.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека невакцинираните граѓани ќе бидат уапсени доколку не ги почитуваат мерките за задолжителна изолација.

„Доколку некое лице не ја почитува мерката задолжителна изолација, ако ја напушти својата куќа и ја посети заедницата, ќе биде задржано. Полицијата има овластување да апси непослушни лица, рече Дутерте во телевизиско обраќање, пренесува Ројтерс.