Поп-дивата Јелена Карлеуша пријавила денеска во текот на денот, како што објавуваат тамошните медиуми, насилство од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Како што дознаваат и пренесуваат српските медиуми, пејачката изгледа како да е претепана.
Во моментов, како што се дознава, полицијата е во вилата на Дедиње каде води истрага и разговара со поп дивата и поранешниот фудбалер, како и со сведоци.
– Како што дознаваме, Душко ќе мора да оди во станица за да му се изврши понатамошен распит. Како што дознаваме понатаму, дежурниот заменик на првиот основен обвинител наредил разговор со пријавениот Душко Тошиќ и сведоци кои присуствувале на насилството, по што ќе се изврши проценка на ризик од можно семејно насилство, објавија српските медиуми.
ДРАМА НА ДЕДИЊЕ: Карлеуша плаче?!
Имено, како што дознаваме, Карлеуша не престанува да плаче, а со неа во домот се уште има сведоци, меѓу кои и нејзината тетка Даниела, но и полицијата која излегла на местото на настанот.
Како што неофицијално дознаваме, пејачката наводно одбила да оди во полициска станица и да даде изјава, пренесува „Блиц“.
Како што дознава српски Курир од извори блиски до истрагата, пејачката не престанува да плаче, додека децата не дозволуваат полицијата да го однесе татко им.
Душко Тошиќ наводно прво ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена тупаница во пределот на лицето, при што таа наводно се здобила со повреда во пределот на лицето од десната страна во вид на исеченица. Што од ова кое го пренесуваат српските медиуми е точно, останува да видиме.