Украинската одбојкарка Јулија Герасимова (32) важи за една од најубавите спортистки на денешницата, а сега се најде под неочекуван бран на популарност.

Герасимова стекна голема популарност откако на социјалните мрежи се прошири видео од нејзиното шоу и танц од натпревар од Лигата на шампионите. Досега видеото го погледнале повеќе од 24 милиони луѓе на различни мрежи, а тој број се уште незапирливо расте.

Во моментов од тагот #yuliyagerasymova доаѓаат повеќе од 24 милиони прегледи, а информацијата за тоа колку популарна станала ја потврдила преку Инстаграм.

Нејзините движења и смеа, како и погледот насочен кон непозната личност од другата страна на камерата, го воодушеви светот, а видеото и понатаму се споделува, поради што нејзината популарност рапидно расте.

Герасимова пред пет години ја освои Европската лига со украинската репрезентација, а со клубот Химки беше петкратна шампионка на Украина. Таа моментално настапува за украинскиот Прометеј, пренесува „Индекс.хр“.

Погледнете зошто Јулија важи за една од најубавите одбојкарки на планетата: