Резултатите од новата студија објавена во списанието Nature објаснуваат зошто некои луѓе се отпорни на КОВИД-19 дури и ако живеат со лице кое е заразено.
Всушност, меѓународниот тим на лекари се уште се надева на конкретен одговор на ова прашање и сака да утврди дали можеби постојат одредени гени кои треба да се проучуваат за да се развијат нови третмани кои би можеле да помогнат во борбата против болеста.
– Оваа група на луѓе се разликува од оние чиј имунитет успешно се бори со вирусот кога ќе се заразат или оние кои доживуваат многу благи симптоми или се вакцинирани – изјави д-р Дон Вин, специјалист за заразни болести.
Ако вирусот не може да се поврзе со клетките и да се размножи, имунолошкиот систем воопшто нема да го забележи вирусот. Научниците мислат дека токму тоа може да им се случи на луѓето кои се отпорни на вирусот.
Вин е експерт од Канада кој ги собрал оние кои биле изложени на вирусот, но не се разболеле и оние чиј имунолошки систем не покажува знаци на пенетрација на вирусот.
ШТО Е ВО ПРАШАЊЕ?
– Има луѓе кои доаѓаат во болница болни со силни симптоми, но во нивното домаќинство има лице кое е сосема добро, кое било тестирано и кое не покажало знаци на инфекција – додава тој.
Наведе и дека целта на овој проект е да се развијат третмани кои ќе можат да ја спречат инфекцијата уште на самиот почеток и смета дека тие би биле многу поефикасни од вакцините, бидејќи би можеле да ги користат луѓе кои не сакаат да се вакцинираат.
– Кога би можеле да го запреме овој почетен процес, процесот на инфекција, би можеле да дознаеме како да ставиме крај на пандемијата – објаснува Вин.
Бидејќи веќе има собрано 1.000 луѓе, планот е да се спореди контролната група со оние кои биле изложени на инфекција, со цел да се идентификуваат гените кои можат да го спречат развојот и размножувањето на вирусот.
Откако ќе се идентификуваат овие генетски варијации, фокусот ќе се префрли на протеините произведени од гените и прашањето дали тие нудат заштита од инфекција.
ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА ИСТРАЖУВАЊЕ?
Низ човечката историја имало примери на луѓе кои биле изложени на вируси како маларија, ХИВ и норовируси, но никогаш не биле заразени.
– Кај сите овие инфекции гледаме дека има групи на луѓе кои биле изложени на вирусот, но сепак останале здрави, а потоа молекулите одговорни за отпорноста биле изолирани и некои биле користени во терапии со лекови – заклучува докторот.