Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија.

Од ЕВН велат дека станува збор за експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

-Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН,информираат од компанијата.

Струја попладнево немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

Големата трафостаница близу Пинтија е во пламен. Огромен пожар избил, неколку минути пред да снема електрична енергија. Зафатена е речиси целата. Полиција го обезбедува просторот. Засега не е позната причината.

Од ЕВН велат дека проблемот не е кај нив, додека пак од „Мепсо“ за „А1он“ велат дека се проверува каде е дефектот. За запалената трафостаница, не сакаа да коментираат и рекоа дека немаат информации. Оттаму најавија само соопштение.