Еден 54-годишен маж од Тајланд, вршејќи ги вообичаените домашни работи, видел огромна змија која се провлекувала низ лисјата. Тогаш тој ги повикал соседите да му помогнат да ја фати змијата, а сето тоа го снимиле на камера.
Питонот бил тежок 100 килограми, а долг е шест метри.
Кога успеале да го фатат, го ставиле во кафез и го повикале Друштвото за грижа на животните, кое го однело во шумата далеку од селото.
Она што е интересно е што го однесоа овој питон далеку, но се претпоставува дека неговиот партнер сè уште е таму некаде, бидејќи во тој дел се собираат змии за да се парат.