Девојките кои се вработени на крузерите за крстарења често се на мета на гостите. Некои дури ја наоѓаат својата сродна душа, а некои добра можност за богат брак. Една од нив е и Елена, која веднаш по завршувањето на средното училиште, поточно на 19 години заминала на крузер.
Елена на крстарење запознала многу постар маж, во кој видела добра можност и полетала да се омажи за него. Меѓутоа, дури кога се венчале таа сфатила дека вистината е малку поинаква.
Ви ја пренесуваме нејзината исповед:
Веднаш по средното училиште се пријавив за крстарење и тогаш не знаев дека ќе станам обична „фуфица“, но за жал изгледа дека станав. Работв во еден бар, секако поради мојот убав изглед, но после смената чести завршував во соба со богати бизнисмени, најчесто старци постари од 50 години. Парите што ги нудеа беше тешко да ги одбие секоја жена.
Еден од нив, малку постар, поточно има 64 години, вистински „шваба“, со жолта коса и стари дамки на него, беше речиси редовен муштерија. Деновите ги поминуваше во барот, седејќи и ме гледаше. На крајот ми понуди да се омажам за него, што на почетокот ми изгледаше грозно, но откако малку размислив и сфатив што ќе добијам ако прифатам, прифатив.
Се омажив за него и веќе скоро една година живеам во Берлин. Никој од моите не знае за тоа и сите сè уште мислат дека сум на крстарење.
Се беше во ред додека не сфатив дека старецот не е толку богат како што мислев, има пари над просекот, но крстарењето му го платиле децата, кои ги има пет. Така што станот во кој живееме тешко дека ќе ми остане. Единствената пензија која е 3350 евра може да ми остане, пак морам добро да се распрашам дали пензијата им останува кај сопругите, или колку, бидејќи ако е под 2000 евра, мислам дека не ми се се исплаќа да спијам со овој смрден старец.
Можеби сум старлета, но тоа е единствениот начин да направам нешто од животот, а кој мисли дека ми е лесно и едноставно и дека мило ми е што спијам со маж постар 40 години, можам само да кажам – НЕКА СЕ ОБИДЕ.