Генералштабот на украинските вооружени сили вчерашниот ден го оцени како „тежок“ за армијата, бидејќи руските сили „продолжуваат да гранатираат речиси во сите правци“.

Во соопштението на англиски јазик на Фејсбук, Генералштабот соопшти дека припадниците на одбранбените сили во воздухопловната база Василков, југозападно од Киев, се спротивставуваат на артилериските напади и нападите на руските сили, пренесува Ројтерс.