Силен тресок доцна вечерва нешто по 23 часот преплаши дел од загрепчани кај населбата Јарун, а полицијата проверува за што се работи.
Малку по 23 часот, некои жители на Загреб на социјалните мрежи почнаа да известуваат дека слушнале силен тресок во областа Јарун.
– Според првите информации од официјални извори, се чини дека на местото на несреќата е пронајден дел од мотор на авион, од кој е направен кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар, јавува dnevnik.hr.
Пожарникарите се обидуваат да отстранат уште еден „предмет со падобран“ заглавен на блиското дрво. Се уште не е познато каков е предметот на тој падобран.
На социјалните мрежи се шират различни информации – од тоа дека нешто паднало од небото, па макар и мало летало или сателит, до тоа дека се работи за експлозија на гас, а се известува дека се шири необична и силна смрдеа.
Од местото на настанот се јавил репортерот на ТВ „Дневник Нова“, Дино Голеш, кој рекол дека „се уште не се знае точно за што се работи бидејќи истрагата е во тек, а формиран е и голем кратер“.