Голема тепачка беше забележана во Србија на натпреварот меѓу нисколигашите Единство и Слога, кога почна бркотница меѓу фудбалерите, а потоа се вмеша и еден навивач, кој сакаше да се тепа со цела екипа, а на крајот го извлече подебелиот крај.
Натпреварот беше прекинат поради инцидент на теренот, а потоа еден од домашните фудбалери намерно удри ривал во стомак, по што почнаа гостите да го бркаат по теренот.
Играчот избега до трибините, по што во тепачката се вклучи и еден навивач, кој со бокс удри еден од гостите, но потоа беше шутиран од останатите ривали.