Селекторот на руската фудбалска репрезентација Валериј Карпин потврди дека капитенот Артем Џуба ќе отсуствува на собирот на репрезентацијата за мартовскиот тренинг. Собирот на руските фудбалери е закажан за 21-ви март.

– Во неделата телефонски разговаравме со Артем, тој не увери дека, како што рече на состанокот, дека навистина „многу сака да игра за репрезентацијата“. Но, сега не може поради тешката ситуација во Украина каде има многу роднини, се извини и замоли од семејни причини да не го повикуваме на овој собир. Се договоривме да останеме во контакт со него и да ги следиме неговите настапи за Зенит, изјави Карпин.

Покрај Џуба, ќе го нема и Вјачеслав Караваев, уште еден играч на Зенит. Репрезентацијата на Русија на 24 март требаше да игра во Москва со селекцијата на Полска во полуфиналниот натпревар од плеј-офот за Мундијалот.

ФИФА и УЕФА ги суспендираа Русите, па сега се’ е во рацете на Судот за спортска арбитража (CAS).