Висок американски функционер тврди дека руските војници не се подготвуваат да влезат во украинската престолнина Киев, пренесува Би-би-си.

Анонимен функционер исто так за Би-Би-Си изјави дека Русија извршила 1.250 лансирања на проектили од почетокот на инвазијата на Украина, а руските воени авиони почнале да летаат почесто, до 300 пати на ден.

Тој додава дека борбите за селото Макаров кај Киев продолжуваат, а руските војници не напредувале во нападот на Харков, вториот по големина град во Украина, тврди тој.

Руската армија се наоѓа на 15 километри од Миколаев каде се обидуваат да влезат во градот и да ја преземат контролата. Тој наведе и дека руската армија успеала да ја пробие одбраната на Изум и да напредува кон југот на Донбас во југоисточна Украина.