Украинската војска вчера ја врати контролата во Буча, а градоначалникот Анатолиј Федорук изјави дека таму е откриена масовна гробница, каде се закопани 280 луѓе.
Вели дека некои од убиените имале само 14 години.
„Сите тие луѓе се убиени, застрелани во задниот дел од главата“, истакна Федорук.
Додава дека голем број од жртвите имале бела лента, што е знак дека се невооружени. Вчера на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаа безживотни тела на улиците на Буча. Најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека се пронајдени на една улица.
И во градот Мариупол имаше масовни гробници.
Во Украина и натаму гинат цивили. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.