– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.

Тој и се пожали дека западните држави не обезбедиле доволно противракетни системи за Украина.

Зеленски ги пофали силите кои го бранат опколениот пристаништен град Мариупол, бидејќи „ нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време“.

Серија експлозии во Одеса утрово

– Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.

Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.

Сè уште нема официјални информации за тоа што се случува во градот.