– Во 20 часот заврши гласањето на претседателските, парламентарните и градските избори за Белград и 12 други градови во Србија, на кои според аналитичарите се очекува висока излезност од 59,7 отсто гласачи. Според ЦРТА до 19 часот излезноста е 55,1 отсто, а според Ипсос 54,6 отсто, што е многу поголема излезност во споредба со сите избори во последните шест години, јави дописникот на МИА од Белград.

РИК прогласи крај на гласањето и го отпочна процесот на броење на гласовите, а со официјални резултати ќе се јави утре до 20 часот.

Според првите резултати на „Ипсос Србија“ / Чесид, Александар Вучиќ освоил 59,5 отсто од гласовите, што е повеќе од потребните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понос освоил 17,3 отсто.