Приведен е Анџело Ѓорѓиевски. МВР во текот на денот ќе даде детали за приведувањето на првиот осомничен за убиството на ракометарот Тот.
Три лица се осомничени за смртта на младиот хрватски ракометар Денис Тот од Ѓаково. Една од нив е 19-годишната Клементина Летковска од Скопје, пренесува хрватски индекс.
Оливер Спасовски, министерот за полиција на Северна Македонија, за Јутарњи лист потврди дека ракометарот и девојката се познавале. Полицијата сѐ уште истражува дали Денис и Клементина се познавале од порано или се запознале во кобната ноќ.
Девојката најсилно го удираше ракометарот
Досега полицијата ги испрашала сите лица кои се нашле пред клубот, како и сопственикот на тој персонал. За Првоосомничениот Анџело Георгиовски кој во Словенија беше осуден за дилање дрога ноќеска наведуваЗ60 степени наведувајќи дека информацијата ја потврдиле од МВР. Спасовски синоќа во гостувањата на ТВ не одговори конкретно на прашањето дали полицијата знае каде е Георгиовски и дали ја напуштил Македонија.
Клементина Летковска почна да се споменува во медиумите по објавувањето на вознемирувачко видео од моментот кога Денис бил нападнат. Неговите напаѓачи жестоко го тепаат додека беспомошно лежи на земја, се гледа од видеото.
Клементина и уште еден напаѓач се обиделе да му помогнат на Денис?
На видеото се гледа дека Клементина наводно најжестоко го тепа момчето и дека единствениот присебен маж бил облечен во бели панталони. Тој се обидел да му помогне на ракометарот .
Подоцна се појавија информации дека Клементина и еден од напаѓачите се обиделе да му помогнат на Денис, но дека побегнале од местото кога сфатиле дека е во несвест.
Клубот пред кој беше убиен Денис немал работна дозвола
Македонскиот министер за економија Крешник Бектеши потврди дека клубот пред кој беше убиен Денис немал работна дозвола.
Бектеши рече дека државната инспекција може да го провери на терен. Се наведува дека од државната инспекција најавиле дека повторно ќе реагираат поради тој ноќен клуб, иако наводно и претходно дејствувале. Вчера клубот беше затворен.
Сопственикот на клубот „Привилиџ“ во кој беше претепан Тот, како и вработената, во полиција раскажале за трагичниот настан. Спасовски рече дека ги имале првите сознанија врз основа на тоа што им било кажано од болницата, а сите лица во интерес на истрагата биле евидентирани и повикани во полициска станица.
Хронологија на случајот
Денис Тот вчера е погребан во родното Ѓаково. Сè уште има нерешени прашања во овој случај кој го придружуваат две верзии на приказната од почетокот.
Првиот пат кога оваа вест стигна до хрватската јавност беше напишана за нападот на 27-годишен маж кој, како што тогаш објавија медиумите, бил претепан. Македонската полиција побрза да ги отфрли обвинувањата, велејќи дека на телото на младиот човек нема видливи повреди. И директорката на скопската болница Маја Мојсова ги демантираше информациите дека Тот бил претепан.
Прво кажаа дека починал од срцева слабост, а потоа утврдиле дека сепак бил нападнат, пишува индекс.
-Ракометарот е во критична состојба.Слободно можеме да кажеме дека се бориме за неговиот живот.Она што е чудно во целата приказна е што на него нема траги на насилство.Тој е донесен на нашата клиника во критична состојба и неговото срце не работеше.Се обидуваме да му го спасиме животот во овој момент“, рече Мојсова пред да почине Тот.
Пред три дена се огласи и братот на починатиот, Борис Тот кој рече дека „неговиот брат починал од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки или други глупости“.
Истиот ден, македонската полиција излезе со соопштение во кое тврди дека хрватскиот ракометар Денис Тот починал како последица на физички конфликт и удар. На крајот од обдукцијата се покажа дека Тот претрпел тешко оштетување на мозокот поради удар во главата. Веднаш се уапсени две лица, а по трето се трага, соопшти македонската полиција.
Како што објави телевизија Телма пред три дена се работи за насилна смрт. Овој македонски медиум се повика на извештајот на судскиот лекар. Кобен беше ударот во глава, напишаа тие. Телевизија Телма доби потврда и од скопското обвинителство. Во конфликтот со Тот биле вмешани три лица, од кои двајца, момче и девојка, брзо се приведени, а третиот неофицијално се уапсен ноќеска.