-Без разлика на тоа колку руски војници ќе дојдат таму, ние ќе се бориме, порача претседателот на Украина
Украинскиот претседател Володомир Зеленски во видеообраќање доцна синоќа порача дека „битката за Донбас“ почнала.
Неговата објава следи откако неколку високи функционери предупредија дека Русија денеска го започнала својот долгоочекуван напад во овој источен регион на Украина.
„Сега можеме да потврдиме дека руските сили ја почнаа битката за Донбас, која долго време ја подготвуваа. Голем дел од руската војска е насочен кон оваа офанзива. Без разлика на тоа колку руски војници ќе дојдат таму, ние ќе се бориме. Ние ќе се браниме. Секој ден“, вели Зеленски.
Од кабинетот на украинскиот претседател претходно во текот на денот изјавија дека започнала втората фаза од војната алудирајќи на новите напади од Русија во источниот дел од Украина. Генералштабот на украинската армија исто така објави дека руските сили денеска започнале напад во овој дел од земјава.