Ќерката на Цеца пред само неколку години изгледаше сосема поинаку. Анастасија Ражнатовиќ неодамна проговори за тоа колку користи фотошоп, а во емисијата „Сценарање“ призна што ја прави несигурна.
Без двоумење го признала тоа што го корегирала на себе и рекла дека не се ни јаболчниците, ни ботокс. На Анастасија најмногу и пречел изгледот на нејзиниот нос.
„На интернет кружи мојата слика на која имав 13 години и имам речиси 80 килограми, нашминкана сум морбидно. На таа слика носот ми е од овде до Батајница. Но, признавам, не бев задоволна поради носот и го оперирав. Но, само еднаш. Поради него бев несигурна, изјавила Анастасија во споменатата емисија.
Таа денес важи за една од најубавите девојки на домашната естрада. Некои тврдат дека таа е уште поубава од нејзината мајка. Сепак, доказ дека Анастасија не изгледала секогаш како денес е оваа фотографија.
Таа имаше малку поинаков нос и усни, па не е ни чудо што младата Анастасија тргна по стапките на нејзината мајка.
Да потсетиме, неодамна како бомба одекна веста дека младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ започнала романса со фудбалерот Немања Гудељ.
Тој игра во Севиља, каде што патувала и таа, а сега беа фатени на вечера со пријателите и членовите на семејството.
Имено, српскиот репрезентативец и пејачката се снимени на вечера на која присуствувале сестрата на Немања, Вања и братот Драги, таму биле нивните пријатели, пиеле вино, а нема сомнеж дека забавата била одлична.