Во страшна сообраќајна несреќа во селото Церовац кај Шабац, загина мајката М.С. и нејзиниот син В.С. (3), како и возачот на мотоцикл Н.З. До несреќата дошло кога мотоциклистот удрил во задниот дел од автомобил марка „фиат“ во кој се наоѓале мајката и синот.
Според очевидци на несреќата, двајца возачи се тркале со мотоцикли, кога мотоциклистот Н.З. удрил во автомобилот и загинал, додека другиот побегнал од местото.
– Насекаде имаше крв, не процени дека автомобилот ќе сврти таму. Камионот ја држеше својата страна, возеше нормално. Тие се тркаа со мотори, „ѓаволот ги влечеше“. Жал ми е за детето. Брзата помош стигна брзо, две возила дојдоа, но и 50 да дојдеа немаше да вреди, вели очевидец на несреќата.
Во колоната на патот биле автомобил, камион и мотор, кои се движеле од правец на Шабац кон Ваљево.
Автомобилот забавил за да се исклучи од главниот пат и во тој момент моторот го престигнал камионот и не го видел автомобилот „фиат“, а потоа удрил во левиот дел од автомобилот, кој излетал од патот во канал поради силината на ударот.
На местото на настанот може да се забележи страшна глетка. Од силината на ударот автомобилот во кој се наоѓале М.С. и нејзиниот тригодишен син бил преполовен, а делови биле разлетани по патот.
Возачот на мотоциклот Н.З кој загина има 44 години. Моторот е целосно уништен.
– Починаа ќерката и внукот на сопственикот на локалот пред кој се случи несреќата. Кутриот прв излегол да помогне, не знаел што се случува, а потоа покрај патот ги видел мртвите тела на ќерка си и внукот. После тоа се фатил за глава и почнал да лелека. Брзата помош дошла брзо, но немало спас – велат очевидци на трагедијата.
На местото на трагедијата пристигнале службеници лица за да ги отстранат уништените автомобил и мотоцикл.