Фотографите побарале од нашата претставничка да ја фотографираат без знамето. Македонската делегација била далеку од сцената и немајќи каде, таа го фрлила. Нашата претставничка се извини и побара со тоа инцидентот да заврши.
Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, се извини за несфатливиот гест, кога на фото-сесијата во Торино го фрли на земја македонското знаме.
Во видео порака се извини за гестот и објасни дека тоа се случило ненамерно, без намера никого да навреди. Ова е нејзиното извинување:
По инцидентот, Јавниот сервис МРТ соопшти дека ја разгледува можноста за повлекување на нашата претставничка на Евровизија.
„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.