ХРВАТСКА- Рано утрово во риечки Трсат се случила сообраќајна несреќа во која градски автобус удрил во неколку автомобили, потврдуваат за хрватските медиуми од полицијата Приморје-Горски Котар.

Станува збор за улицата „Јоаким Раковец“, каде што автобусот, според првите информации, не успеал да ја совлада кривината што води кон светилиштето. Според полицијата, пријавата ја добиле околу 6.40 часот, а возачот не бил под дејство на алкохол и нема повредени.

– Утрово отидов на тренинг па видов што се случило. „Збришал“ пет автомобили, имало пожарникари и полиција. Таа кривина е точно пред тврдината Трсат, не се гледа често автобус да удира така во коли. Можеби на возачот му се слошило, накратко раскажа читателка која испратила фотографии до хрватските медиуми.