На 11 мај 2022 година, по чудниот феномен Жушан, црвеното небо се појави повторно во Мавеи, кинеската област Фуџијан.

Црвеното ноќно небо е забележано околу 19 часот и 40 минути. Луѓето снимале како небото станува темноцрвено, од нивните куќи, балкони и улици.

Официјални лица велат дека тоа било предизвикано од светлата на рибарските чамци, но корисниците на интернет ископале историски записи за небото обоено со крв, верувајќи дека тоа е претходник на катастрофи, воени катастрофи и промени на небото.

Според „Пекинг Тајм“ и други извештаи на локалните медиуми, вечерта на 11 мај, корисници на интернет во Фужоу, Фуџијан го фотографирале локалното небо како станува крваво црвено.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари од жителите кои не им веруваат на официјалните лица со аргументи дека рибарските бротчиња и претходно биле на истото место, па немало таков феномен.