Веројатно сите се сеќавате на популарната хрватска верзија на серијата „Не дај се Нина“, чии епизоди со нетрпение ги очекувавме секој ден.
Актерката покрај тоа што беше ултра шармантна, беше навистина забавна и секогаш успеваше да нѝ го задржи вниманието со интересните ситуации во кои се наоѓаше.
И иако во серијата имаше стил за кој сите говореа и многупати ја исмеваа, во приватниот живот Лана Гојак денеска носи комбинации кои навистина се за пофалба.
Благодарение на здравиот начин на живот и редовното вежбање, како што таа самата ќе каже, успеала да ја добие посакуваната тежина и денеска изгледа супер фит.
Според фотографиите што ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил, таа е вистински поборник за здравиот начин на живот, па многу често можеме да ја видиме на разни трки, јога часови, трчање и што уште не.
На најголемиот број фотографии, можеме да ја видиме во спортски блузони, хеланки, тренерки и други парчиња што одлично ѝ прилегаат. Актерката подеднакво добро изгледа и во тренди фустани и комбинации од кошули и здолништа кои навистина супер ги носи.
Погледнете како денес изгледа актерката од „Не дај се Нина“.