Возач со автомобил марка „Ауди“ прегази пешак кај Општината Ѓорче Петров, дознава „А1он“. На оваа локација има раскрсница како и пешачки премини.
Според првичните информации, пешакот починал на лице место. Нема детали околу неговата возраст, ниту како се случила несреќата.
На терен се излезени и екипи на полицијата. Присутна е Брза помош, со обид да го реанимира пешакот, но неуспешно.
Првичните информации говорат дека е известен и јавен обвинител.