Ексдиректорот на Фондот за иновации и поранешен потпретседател на СДСМ, Коста Петров, е еден од учесниците во сообраќајката на раскрсницата меѓу улиците „Њу Делхиска“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“,објави А1он.

Утринава пред седум часот, во автомобилот марка „БМВ“ удрил моторцикл „Кавасаки“. Двајцата возачи се во добра здравствена состојба, без потешки повреди.

жПетров за „А1он“ кажа дека е во добра здравствена состојба по несреќата. За возачот на мотоциклот и од болницата „8 септември“ каде бил пренесен велат дека имал рана на подлактицата како резултат на падот. И тој е пуштен на домашно лекување.

Преку камерите од „Безбеден град“ ќе се утврдува како настанала несреќата. Петров посочува, но и од објавените фотографии се гледа дека додека тој се престројувал на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во предното десно крило од возилото удрил возачот на моторот.

Полицијата направи увид.