Пред две години, трагично загина Саша Вујновиќ, кој учествуваше во шестата сезона на хрватското реално шоу „Фарма“, кое се емитуваше во 2018 година.
Сите велеа дека е секогаш насмеан и подготвен за шега и дека се борел за се во шоуто, но и во животот да биде фер.
Саша Вујновиќ, победникот на шестата сезона на хрватската „Фарма“, почина во 2020 година на градилиштето во Риека, а тогаш во солзи тоа го потврди неговата партнерка Ивана Повз.
– Ми јавија неговите родители. Во шок сум, морам да бидам силна, поради децата и поради него – липајќи рекла Ивана за 24сата.хр, која тогаш го чекаше четвртото дете.
Пред да влезе во ријалити, Саша се опиша себеси како личност која сака да прави дрвени куќички и да украсува цветни леи. Се пријавил на „Фарма“ бидејќи бил желен за ново искуство и со нетрпение очекувал да запознае луѓе со различни карактери.
За време на реалното шоу се спријатели со Едита Птичар, која загина во сообраќајна несреќа во 2018 година, а за неа имаше само пофални зборови. Саша во финалниот дуел го совлада Јурица Беламариќ и стана победник на шестата сезона на „Фарма“.
Тој во една прилика истакна дека неговиот најголем предизвик во шоуто е да помине 13 недели работејќи во изолација.