Голем број луѓе се повредени вечерва во судир на патнички воз со локомотива во Словачка, јавува агенцијата dpa.Според проценките на телевизијата Маркиз, повредени се најмалку 100 луѓе.
Министерството за транспорт во Братислава и државната железничка компанија ја потврдија несреќата за новинската агенција ТАСР, но не дадоа никакви информации за бројот на повредени или загинати.
Полицијата на социјалните мрежи ги повика возачите да го избегнуваат местото на несреќата во близина на Врутки на северот од земјата за да го олеснат пристапот до пожарникарите и амбулантите.
Министерството за транспорт соопшти дека министерот Андреј Долежал е на пат кон местото на несреќата, кое се наоѓа во близина на важна железничка клучка.
📸
📸
📸