Родителите на едно на момче од Даблин, кое починало откако вдишувало хелиум од роденденски балон, ги предупредиле другите семејства да се погрижат да не се случат слични трагедии во иднина.
Лук Рамон Харпер (8) од Даблин доживеал фатална повреда на мозокот откако вдишал хелиум од балон во облик на бројот 8 што го купил една недела претходно за неговата роденденска забава.
Неговата мајка Хилари изјави пред судот дека Лук играл на спратот претходниот ден. Таа рече дека телото на нејзиниот син било со слаба реакција откако го извадила балонот од неговото лице и го однела надвор на чист воздух.
Таа рече дека го нашла горе како лежи со лицето надолу на земја, без свест, со балон околу главата. За жал, момчето е прогласено за мртво следниот ден, пренесува Daily Mail.
Според родителите, на момчето секогаш му купувале балони со хелиум за роденден, но никогаш немало никаков инцидент.
Семејството верува дека Лук веројатно повторно се обидел да го надува балонот, кој една недела претходно летал во нивната дневна соба. Тие веруваат дека тогаш се онесвестил, што довело до трагичен исход.
Аутопсијата покажа дека Лук починал како резултат на недостаток на кислород во мозокот поради срцев удар предизвикан од вдишување хелиум од делумно надуен балон.
По сослушувањето, родителите на момчето рекоа дека сакале да ги предупредат другите семејства да бидат свесни за потенцијалните опасности од балоните со хелиум и правилно да ги фрлаат.